Предности
Благодарение на пред филтерот, филтерот со активен јаглен, HEPA 13 филтерот и антибактерискиот филтер, 99,9 % од сите загадувачи како полен, алергени, прашина, вируси, бактерии и непријатни мириси се отстрануваат од воздухот. Индикаторот за одржување покажува кога филтерот треба да се замени.
*Филтерот се продава како додаток
Во автоматски режим, перформансите на прочистувачот постојано се прилагодуваат на квалитетот на воздухот и големината на просторијата. Оваа функција обезбедува чист воздух без потреба од никакво прилагодување. Покрај тоа, Air 6000 има сензори за температура и влажност.
Тековниот квалитет на воздухот може да го следите преку бојата на светлосниот прстен: сина, виолетова, портокалова, црвена. Покрај тоа, Air 6000 има лед екран на допир со 6 копчиња за лесен избор на режим. Интеракцијата со BOSCH прочистувачот на воздух е интуитивна и разбирлива.
Во тивок/ноќен режим, прочистувачот на воздух работи тивко при
ниска брзина, Led светлата и екранот се исклучуваат.