Историја на прочистувачите на воздух

Првиот прочистувач на воздух за домашна употреба е создаден од Мансфер и Клаус Хамес во 1963 година како систем за филтрирање на воздухот кој значително го подобрил неговиот квалитет. Целта била да се спречи таложење на црна прашина од печките на јаглен во домовите.

Меѓутоа, развојот на прочистувачите на воздух датира многу пред тоа, односно од периодот на Индустриската револуција која доведе до огромно зголемување на загадувањето. Користењето на јаглен овозможи да се произведува електрична енергија, гориво за возовите и загревање на домовите и на тој начин јагленот стана главен ресурс за раст и развој. Како последица на тоа воздухот станал се позагаден и истражувачите барале решенија како да се спротивстават на последиците од согорувањето на јаглен.

Во 1823 година Џон и Чарлс Дин создадоа систем за прочистување на воздух – маска, кој им помогнал на пожарникарите во тој период. Во 1854 година од страна на Џон Стенхаус било направено подобрување на системот кој го користеле рударите за јаглен. Следното надоградување се случило во 1871 година од Џон Тиндал кој создал личен респиратор.

Сето ова се развивало во насока на индивидуална заштита.

Првата технологија што направи подобрување на квалитетот на воздухот во околината е развојот на HEPA (High-efficiency particulate air) филтерот. HEPA филтерот е создаден и дизајниран е од Хемискиот корпус на американската армија со цел да се отстранат радиоактивните материјали од воздухот во 1940-тите години, за во следната деценија се користат во комерцијални цели за отстранување на бактерии, вируси, полен, чад, првут од домашни миленици итн.

Американскиот конгрес во 1963 година усвои Закон за чист воздух и ги постави основите за намалување на загадувањето на воздухот и го поттикна понатамошниот технолошки развој на прочистувачите на воздух.

Технологијата за прочистувачите на воздух направи драстичен скок од 2012 година наваму. Особено е забележан драстичен пораст во поднесувањето на пријави за патенти во периодот 2013 – 2016 година.

Последните иновативни решенија може да ги најдете кај нашите прочистувачи на воздух BOSCH.