Еден од клучните елементи за квалитетот на прочистувачите на воздух е HEPA (High Efficiency Particulate Air) филтерот.
Дизајниран е од Хемискиот корпус на американската армија во 1940-тите години. Според стандардите на Одделот за енергетика на САД, HEPA филтерот мора да отстрани најмалку 99,97 % од честичките во воздухот со дијаметар од 0,3 микрометри, односно микрони.
Кога купувате прочистувач на воздух важно е да се забележи нивото на ефикасност на филтрите, сите имаат потреба од периодично чистење и замена на филтрите за да функционираат правилно.
Најчесто HEPA филтрите се оценети помеѓу H10 и H12.
BOSCH прочистувачите на воздух покрај пред филтерот, филтерот со активен јаглен, кај некои модели и антибактериски филтер, користат и HEPA 13 филтер кој е најдобар во класата за прочистувачите на воздух.
Ова се филтри со медицински квалитет и погусти влакна, така што тие имаат повисоки стапки на задржување на честичките.