Сезонски алергии

Прочистувачите на воздух се корисни за луѓето со алергии и помагаат во ублажување на симптомите од алергија или астма, особено кога се комбинираат со други методи за намалување на алергените и подобрување на квалитетот на воздухот во затворени простории.

За најдобри резултати прочистувач на воздух треба да биде со:

  • HEPA13 филтер
  • Филтер со активен јаглен
  • Стапката на испорака на чист воздух треба да  одговара на просторијата каде што планирате да го користите – CADR.

Овој тип на филтер може да прочисти скоро 100% од ситните честички во воздухот, како што се полен од растенија или првут од домашни миленици. Според AAAAI (Американска академија за алергија, астма и имунологија во затворен простор) HEPA филтерот е најдобриот избор за луѓе со алергии.

Поленовите честички од разни растенија лебдат во воздухот речиси цела година, особено во пролетниот период. Овие алергени може да доведат до затнат нос, постојано кивање, чешање на очите, течење на носот, скратен здив и сува кашлица. Прочистувачот на воздухот го филтрира поленот од воздухот за да можете полесно да дишете, исто така, помага да се намалат и други проблеми, како што се алергиите од грини од прашина или од влакната од домашно милениче.

Вклучете го прочистувачот на воздухот и оставете го да работи неколку часа. Најдобрите рзултати се постигнуваат кога се користи подолго време. Ако има многу алергени во воздухот (како пролетниот полен) ќе сакате да го користите вашиот прочистувач подолг временски период – па дури и цел ден. Додека работи прочистувачот на воздух, држете ги вратите и прозорците затворени, за да не внесувате повеќе алергени однадвор.

Изборот на најдобриот прочистувач на воздух за алергии за Вашиот дом или канцеларија е прашање на многу фактори.

Сите наши прочистувачи на воздух се одлични за ослободување и намалување на симптомите од алергија, односно опремени се со HEPA13 филтер, филтер со активен јаглен, смарт сензори кои Ви дадат информации во реално време за квалитетот на воздухот во просторијата, дисплеј со можност за затемнување и тивок режим на бучавост.

BOSCH прочистувачите на воздух ги исполнуват сите критериуми и се носители на печатот ECARF.

Достапни се модели со соодветна стапка на испорака на чист воздух (CADR) спрема Вашите потреби.