Red Dot е меѓународнo етаблирана ознака. Eден од најбараните печати за квалитет за добар дизајн.
Red Dot значи припадност на најдобрите во дизајнот и бизнисот.
“In search of good design” – the Red Dot Design Award е еден од најголемите светски натпревари за дизајн.
Со цел да се процени различноста во оваа област на професионален начин, наградата за дизајн Red Dot се дели на три дисциплини:
- Дизајн на производ
- Бренд и комуникациски дизајн
- Концепт за дизајн
Натпреварите за секоја од овие дисциплини се одржуваат еднаш годишно.
Прочистувачите на воздух од BOSCH се потпираат на јасен дизајн и интуитивно работење на допир. Благодарение на нивниот ненаметлив дизајн и тенок облик, прочистувачите на воздух дискретно се вклопуваат во секој простор за живеење или работна средина.
Централно поставениот LED дисплеј на допир е интегриран во благо закосениот горен дел насочен кон корисникот. Имперсијата од жирито беше следното: „Ова го прави да изгледа привлечно и нуди зголемена удобност кога се допира со прстите“.
Друга карактеристика е тоа што квалитетот на воздухот автоматски се детектира и се прикажува во боја преку осветлениот прстен од 360 степени. Така, корисникот на прв поглед може да види каков е квалитетот на воздухот во просторијата.
Сите наши прочистувачи на воздух од BOSCH Air серијата, Air 2000, Air 4000 и Air 6000 ја добија наградата Red dot Winner за 2023 година.