Загадување на воздухот

Загадувањето на воздухот е еден од најголемите еколошки ризици за здравјето. Со намалување на нивото на загаденост на воздухот, можe да се намали ризикот од мозочен удар, срцеви заболувања, рак на белите дробови, хронични и акутни респираторни заболувања, вклучително и астма.

Од смогот што виси над градовите до чад во домот, загадувањето на воздухот претставува голема закана за здравјето.

Уредите за загревање на домаќинствата, моторните возила, индустриските капацитети, шумски пожари, производство на електрична енергија, изградба и уривање на станбени објекти, се вообичаени извори на загадување на воздухот. Загадувачите кои предизвикуваат голема опасност за јавното здравје вклучуваат честички, јаглерод моноксид, озон, азот диоксид и сулфур диоксид. Загадувањето на воздухот на отворено и внатре предизвикува респираторни и други болести и се важни извори на морбидитет и морталитет.

Податоците на СЗО покажуваат дека речиси целото глобално население (99%) дише воздух што ги надминува лимитите на СЗО.

Заштитете се и намалете ги здравствените ризици со Прочистувачите на воздух BOSCH, врвен квалитет и дизајн во Вашата просторија.